Категории

3 Потези со кои вашите деца ќе бидат мотивирани за учење!

Многу информации, тесни распореди и премногу за пишување не го прават процесот на учење лесен. Не е ни чудо што децата лесно губат мотивација за учење и извршување на нивните обврски, да го организираат нивното време правилно и едноставно да одржуваат рамнотежа со се. Поради тоа ги издвоивме овие три совети коишто досега се покажале корисни.

1. Направете од нив ранобудници

6406260-1472721813-650-30390b13e2-1472843078

Денот по утрото се познава! Затоа, згответе им погат доручек полн со протеини и витамини коишто ќе им помогнат да ја задржат енергијата во текот на целиот ден. Освен тоа, послужете ги со чаша вода пред да легнат да спијат – тоа помага во опуштање на телото и во подобрување на метаболизмот.

2. Направете забелешки коишто ќе ги потсеќаат на нивните обврски

Тоа е навика којашто доколку ја стекнат уште од мали нозе ќе им помогне да бидат поодговорни и помала е веројатноста да забораваат на нивните обврски. Поставете мал плакат во нивната соба чија цел ќе биде да претставува ,,собирно место,, за ливчињата со испишани обврски за денот.

3. Редовно учење на поминатиот материјал

Сигурни сме дека го имате слушнато тоа милион пати, но најефикасно учење е она редовното, односно една лекција на ден. Поради тоа, искористете го почетокот на школската година најмногу што можете и пружете им на вашите деца прилика да увидат и самите дека целата суштина е во континуираното учење.

Прегледи:
366
Објавено на:
14.09.2016