Категории

3 причини зошто морето е корисно за менталното здравје

Ако не живеете во близина на море, можеби е време да размислите да одвоите денови за да ги поминете уживајќи во звукот на брановите и мирисот на солената вода. Морето не привлекува во сите годишни времиња, а на нашето тело му е навистина потребно.

Помага да спиете подобро

Докажано е дека морскиот воздух, кој има високо ниво на кислород, помага при ослободување од несоница. Згора на тоа, доколку спиете во близина на плажа, тогаш треба да бидете свесни дека звукот на брановите ќе ви помогне да се ослободите од стрес и да се опуштите.

Смирува

Морскиот воздух, звукот на брановите и чувството на простор и слобода – тоа е она што помага да се опуштите. Пренаселените места ги зголемуваат нивото на стрес, додека отворениот простор и природната средина значително го намалуваат. Поради тоа, во моменти на тага и разочарување психолозите препорачуваат патување на море во било кој период од годината. Не е ни чудо што велат дека морето ги лечи сите „рани“.

Ја отстранува тагата

Стручњаците тврдат дека спортот е ефикасно средство за создавање на хормонот за среќа, а пливањето е најдобар начин да се активирате. Животот на море отвора многу можности за физички вежби, нуди голема предност за здравјето и контролата на тежината, намалување на крвниот притисок и ризикот од срцеви заболувања и дијабетесот.