Категории

3 причини зошто немате енергија и како да ја вратите

Понекогаш се наоѓаме себе си со тон обврски и никаква енергија за да ги завршиме. Кога ќе дојде крај на денот, овие обврски остануваат и се додаваат во веќе долгата листа на работи за кои веруваме дека немамe доволно енергија за да ги направиме. Важно е да не се оставаме себе сѝ и да си ја вратиме енергијата. Еве 3 причини зошто се чувствуваме како да немаме енергија и како да ја вратиме:

Вашата рутина на спиење не е консистентна.

Спиењето е многу важен дел од нашиот живот. Никогаш немојте да го жртвувате Вашиот сон за што било друго. Не конзумирајте кафе барем 6  часа пред спиење и обидете се да не го користите телефонот 1 час пред спиење. Обидете се Вашата рутина за спиење да биде консистентна, ако не можете да заспивате во исто време секој ден, пробајте да се будите во исто време секој ден.

Социјални медиуми веднаш штом ќе се разбудите.

Ова не е многу ефективен начин за да го започнете денот. При отворање на социјалните медиуми Вашиот мозок се полни со различни инфомации и Веднаш почнува производството на кортизол, што значи повеќе стрес во Вашиот ден. Обидете се да не посегнете по телефонот 1 час откога ќе се разбудите.

Не доволно движење

Многу е важно Вашиот ден да биде исполнет со движење за да може да изгубите доволно енергија. На овој начин ќе успеете да имате подобар сон што би значело и многу повеќе енергија за утрешниот ден и сите обврски кои треба да ги направите.

Прегледи:
408
Категории:
Животен стил
Објавено на:
29.09.2022