Лебот на многумина им е омилена намирница без која не можат да го замислат денот. Но исто така, тој е јаглехидратна бомба која доаѓа во многу различни облици од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат само пофални зборови. Дознајте што се случува со вашето тело ако го исфрлите белиот леб од вашата исхрана.
1.Ќе изгубите килограми предизвикани од вода
Лебот е преполн со јаглехидрати а нивното нагло исфрлање од прехрамбените навики на вашето тело се забележува речиси веднаш, и тоа во облик на губење на килограми. Но не се работи само за инстант-слабеење, туку и за губење на вода која се насобира во телото.
Телото складира јаглехидрати во облик на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржан во телото, во него задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од својата тежина.
2.Нема повеќе постојано да бидете гладни
Преработените јаглехидрати, со какви е преполн белиот леб, во вашиот организам предизвикуваат нагло растење и скок на шеќерот во крвта кој притоа доста брзо паѓа. Овие луди промени на мозокот му испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството на глад и потребата за храна, поради што се дебелееме.
Но тоа не значи дека морате во потполност да го исфрлите белиот леб од вашата исхрана, туку празните калории и белиот леб да го замените со таков направен од житарици кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.
3.Ќе ви се зголеми енергијата и ќе ви се подобри варењето
За разлика од интегралниот или црниот, белиот леб не содржи влакна кои се потребни за нормална работа на цревата и дигестија. Таквата храна предизвикува констипација и проблеми со варењето.
Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и ќе додадете житарици, варењето започнува нормална и олесната работа.