Категории

3 совети како да ви потрае “Божиќната Ѕвезда” до следната година!

Кога ќе купувате нова Божиќна Ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат. Еве како најдобро да го чувате ова растение кое е карактеристично за периодот околу Новогодишните и Божиќните празници.

1. Топлината и светлината треба да бидат умерени

Божиќната ѕвезда сака топлина и светлост, но не премногу директна светлост. Чувањето на ова празнично растение близу до радијатор или некој друг извор на топлина е еднакво штетно за неговиот живот исто како да го ставите на балкон.

2. Полевање

Водата е добра за секое живо суштество, но сеедно немојте да претерувате со полевањето. Божиќната ѕвезда  сака влага во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. По петнаесетина минути од залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката.

3. Пресадување и скратување

При крајот на зимата и почетокот на пролетта, растението ќе заврши со своето цветање и ќе почне да паѓа. Тогаш треба да ги скратите сите гранки на околу 10-15 см висина, а растението да го преместите на постудено место. Скратувањето на растението ќе предизвика раст и развој на пупките. Во периодот од март до октомври проверете дали растението ја „надраснало“ саксијата и во тој случај пресадете ја во поголема саксија.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
994
Објавено на:
09.12.2016