Категории

3 совети за среќна и успешна врска

 Среќната врска за некои дами е реалност, а за други точка до која не можат да дојдат. Ако сакате среќна врска, тогаш ви нудиме рецепт кој се покажал како функционален.

1. Бидете среќна и кога сте сингл

Пред да создадете среќна врска, треба да знаете да бидете среќна и кога не сте во врска. Мажот не е некој кој ќе ги реши сите ваши проблеми и недоумици, тоа е само ваша работа.

Дамите кои се среќни во врската знаат да бидат среќни и кога не се во врска.

2. Никој не е совршен

Дамите кои се во среќна врска знаат дека нивниот партнер не е совршен. Знаат дека тој нема ни половина од карактеристиките кои се на нивната листа за тоа како изгледа нивниот идеален маж.

Но среќната врска не се создава со тоа што ќе пронајдете совршен тип, туку од несовршеноста да направите некој кој е совршен за вас.

3. Поставете си приоритети

За вашата среќа не е задолжен никој освен вие. Ако себе си се ставите на прво место и како приоритет ја одредите вашата среќа, се друго изгледа многу полесно.

Мажите нема да бегаат од вас ниту да ве сметаат за себична ако им дадете до знаење дека се цените сама себе, напротив ќе ве почитуваат многу повеќе.

Прегледи:
519
Објавено на:
17.07.2016