Како мудро да го искористите времето и да бидете попродуктивни за разлика од претходната година?
Еве неколку стратегии коишто ќе Ви помогнат во тоа:
- Запрашајте се на што би сакале да поминувате повеќе време. Откако внимателно ќе анализирате, фокусирајте се на она што најмногу треба да му посветувате внимание.
- Во петок попладне, веројатно нема ништо да Ви се работи, па најдобро би било тоа време да го искористите за да направите распоред за неделата што следи. Направете листа на приоротети и водете се според неа.
- Започнете со она што Ви изгледа најтешко. Луѓето имаат тенденција прво да се ослободат од малите работи за да потоа се фокусираат на покомплицираните. Почнувајќи со покомлицираното, Вие ќе имате енергија да ја завршите најважната задача за да потоа се посветите и на работите за коишто не е потребно многу енергија.