Категории

3 типа на пријателки кои НЕ ви требаат во животот

Во еден миг во животот, морате да се ослободите од луѓето кои ви ја уништуваат енергијата и ве влечат надолу, квалитетот е поважен од квантитетот.

Овие три вида на пријателки морате веднаш без никаква грижа на совест да ги отстраните од вашиот живот, не ви се потребни такви луѓе покрај вас.

Онаа која постојано озборува
Оваа девојка знае СЕ, за сите. И едвај чека прилика да озборува. Иако понекогаш ве забавува со своите урнебесни приказни и откритија, биди внимателна затоа што кај ваквите типови на луѓе вреди едно правило: Така како што ти зборува тебе за другите, така и на другите им зборува за тебе. И ни за миг немој да се посомневаш во тоа.

Онаа која е секогаш негативна
Да бидеме јасни, сите имаме денови кога се чувствуваме лошо, потиштено и депресивно. Секако, на кого ќе му се обратиш во тие денови ако не на твоите пријателки. Но ако имаш чувство дека твојата пријателка постојано се жали, кука секогаш кога и да се видите, време е да се опкружиѓ со луѓе кои се по позитивни и во твојот живот ќе внесат позитивна енергија.

Онаа која постојано се натпреварува со тебе
Малку натпреварувачки дух не штети во животот, но ако имаш чувство дека секоја твоја приказна, потег или успех е причина за твојата пријателка да се натпреварува со тебе – имаш сериозен проблем пред себе. ова не е никако здраво и дефинитивно не е вредно за трудот. Верувај, во животот не ти е потребна пријателка која не се гордее со твоите достигнувања или пак си ги препишува на себе. Воопшто не е важно колку долго сте пријателки, важна е силната врска која ве поврзува.