Време е да заборавите на носењето неудобни пижами и широки маици за спиење. Неодамна научниците открија дека спиењето голи е подобро за вашето здравје. Зошто е тоа така? Ова се најважните причини.
Спиеме подобро кога температурата на телото е пониска
Сонот е поквалитетен кога температурата на телото е пониска, што значи што помалку парчиња облека на нас, подобро. Дури и мало зголемување на телесната температура потикнува одредени мозочни активности кои го реметат сонот.
Партнерот ни е емоционално поблизок
Кога спиеме голи до партнерот, зголемено е создавањето на окситоцин во нашето тело. Ова е „љубовен хормон“ кој го подобрува расположението, го одржува имунитетот и го потикнува чуството на интимност.
Заспивањето е побрзо и будењето е полесно
Спиењето без облека значи дека подора циркулација на крвата, што помага за побрзо заспивање, но и полесно будење. !