Категории

3 успешни начини на заведување

Кога ќе се спомне заведувањето, повеќето дами помислуваат на дотерување, заносен изглед, флерт, но тоа е само еден аспект на успешно заведување.

Во основа постојат три начини како да го заведете човекот кој ви се допаѓа, a средството кое вие ќе го одберете кажува многу за вас како дама.

Ако вашето главно оружје е телото… тоа значи дека вие сте прилично убава дама и сте свесна за тоа. Самодовербата не ви недостасува и не ви е проблем да го заведете скоро секое момче кое ви се допаѓа.

Но бидете внимателни, таквиот начин е ефикасен и за авантура и кратка врска. Проблемот лежи во тоа што на тој начин мали се шансите врската да потрае. Не заборавајте дека мажите влегуваат во сериозна врска со девојка со која имаат заеднички интереси и со која можат да разговараат.

Ако вашето главно оружје е насмевката… значи дека сте весела, ведра и оптимистична дама која не прави драми и не се фаќа за ситници. Со таква девојка секој маж ќе се чувствува добро и ќе посакува да биде во нејзино друштво.

Ако вашето главно оружје за освојување е ставот… значи дека често сте убедени дека за да го освоите оној кој ви се допаѓа не е неопходно да се дотерате бидејќи сакате тој да се заинтересира за вас пред се како личност.

Овој начин, поретко вродува плод, но затоа пак резултатите се супер бидејќи значи дека сте нашле момче по мерка.

Но запомнете, не е лошо понекогаш да го импресионирате и со вашиот изглед, сепак кога сакате некого од време на време не е лошо да го изненадите со нешто што не го очекува.

Прегледи:
1064
Објавено на:
29.01.2016