Астролозите велат дека овој ден е многу турбулентен!
30. ноември речиси никому нема да му донесе пријатни ситуации. Ако имате чувство дека ништо не ви оди од рака, препишете ја вината на планетите.
На овој ден важно е да се контролирате да не направите некој потег кој скапо ќе ве чини.
Ноември генерално се покажа како тежок месец. Крајот на есента секогаш имаме многу работа, но оваа година ѕвездите се погрижија да ни го отежнат животот. Последниот ден од месецот е најопасен од сите.
Подгответе се за внатрежна бура. Негативните емоции ќе бидат пренагласени и тоа на сите полиња. Сѐ она што ви сметало некогаш, а на кое сте заборавиле повторно ќе се истакне во прв план. Не се исклучени ни нови кавги. Не размислувајте за минатото, живејте во сегашноста и обидете се да ги контролирате своите емоции. Исто така, овие денови подобро е да бидете внимателни со соработниците.
Водете сметка за своите зборови за да не бидете сфатени погрешно. Сѐ што правите, правете со дополнително внимание.
Ако бидете негативни во текот на овој период и мислите ви се сконцентрирани на лоши нешта, тоа и ќе ви се случува, но ако се обидете да имате позитивни мисли и да ширите љубов, ќе го ублажите сето она што го носи овој аспект со себе.