Категории

#365среќа Александра Ристовски: „Преку ПХВ програмата младите имаат можност да бидат промената која сакаат да ја видат во светот“

Кога мислиме на хуманост, помош и подавање рака кога е најпотребно секако помислуваме на хуманитарната организација Црвен Крст. Нивните дејствија секојдневно ги разубавуваат животите на голем број луѓе кои се заборавени од сите други или пак, се соочуваат со тежок период.

За дејноста на Црвен Крст би можеле да зборуваме со денови, но овој пат ќе се посветиме конкретно на Црвен крст во Акција -Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ). За придобивките, целта и резултатите од оваа благородна програма зборуваме со Александра РистовскиПХВ Национален координатор на Црвен крст на град Скопје.

1. За да ја приближиме јавноста до Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности” (ЦКА-ПХВ) програмата, нејзините проекти и цели, за почеток кажете ни нешто повеќе за неа. Што претставува оваа програма и како функционира?

Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности” (ЦКА-ПХВ) e е програма која веќе 20 години се имплементира во Р.Македонија. Таа претставува национална алатка за привлекување и задржување на млади волонтери во Црвениот крст, на возраст од 14 до 18 години. Секоја година преку програмата обучуваме по 1000 младинци, потенцијални волонтери. Ги учиме да имаат активен однос кон животот преку изработка на малите проекти за доборбит на заедница преку принципите и вредностите на Црвениот крст. Во програмата ги вклучуваме младите со различна етничка припадност во заеднички проекти преку кои тие заедно и взаемното го градаат разбирањето, толеранцијата и културата на дијалог.

2. Што значи да се биде учесник во оваа програма?

Да се биде учесник во програмата, тоа подразбира повеќе активности. На почетокот на секој циклус младинците инволвирани во него добиваат обука во своите Општински организации на Црвениот крст во нивниот град за тоа како да ги препознаат потребите на заедницата, како да изберат целна група, да си постават цел и да направат мал проект за добробит на заедницата. После оваа обука младите волонтери се подготвени да ги стават своите новостекнати знаење во пракса.

Поддржани од нивните дисеминатори, тие почнуваат да ги реализираат своите мали проекти за помош на локалните заедници во кои што живеат. Проектите ги реализираат тимски и ја користаат целата своја креативност и младешки дух за да организираат претстави, концерти, магионичарски шоу програми, натпревари во видео игри, како и голем број спортски натпревари во карате, кошарка, ракомет, одбојка… изработуваат новогодишни картички, оригами срца, плетеа капи и шалчиња заедно со своите баби, подготвуваат колачиња, изработуваат накит, изработуваат боенки и собират донации.

Со собраните средства тие реновираат домови, донираат покуќнини, градаат детски игралишта, описменуваат деца, донираат за лекување на болни деца, прават инвалидски рампи за поголема достапност, праваат специјални лулашки за лица во количка, донираат нагледни сретства во центрите за лица со посебни потреби…Многу нешта би кажала кои и возраните лица не ги праваат.

Претставниците од најдобрите и најуспешните проекти се поканети да земат учество на финална ЦКА-ПХВ работилница. Таму ги продлабочуваат своите знаења на темите за култура, комуникација, тим и тимска работа и имаат можнност пред останатите учесници да го презентираат својот проект. Таму младите ги третираме како херои заради проектите кои ги реализирале.

3. Она што е особено интересно во рамки на програмата е „Неделата на промоција на хуманите вредности“ која започна на 21. септември, а ќе трае до 27. септември. Што се случува во текот на оваа недела и која е крајната цел?

Поттикнати од посветеното исполнување на стратешката цел од Стратегијата 2020 т.е. промовирање на култура на ненасилство, мир и толеранција и потребата за дополнително ангажирање на младинците после финалните работилници во Струга, како и за насочување на амбициите на овие млади, се одбележува неделата за ПРОМОЦИЈАТА НА ХУМАНИТЕ ВРЕДНОСТИ, во рамките на традиционалните календарски активности на националното друштво и тоа од 21-27 септември.

Идејата е во неделата истата група млади, кои ги изработувале малите проекти од овогодишниот циклус повторно да се анимираат, на интересен начин да се вклучат и да се поттикне да бидат креативни и на креативен начин да ја презентираат организацијата.

Оваа година секоја во секој град ќе се прави настан на кој се покануваат тројца претставници, кои се позитивен пример и кои треба да ја споделат својата приказна, што направиле за својата заедница. Нивната приказна треба да биде мотивирачка и навистина да предизвика кај публиката желба да се вклучат со волонтерскиот ангажман.

На крај на настанот предвидено е свечено да им се доделат дипломите на младинците кои оваа година ги сработиле малите ПХВ проекти. На тој начин ќе го уважиме нивниот труд, а и ќе ги мотивираме да продолжат да волонтираат во редовите на организацијата. Ќе бидат презентирани и малите проекти за да дознае публиката што направиле младинците за добробит на својата заедница и дека покрај говорниците и тие се нашите локални херои.

4. За важноста на волонтерството и позитивниот одзив кај младата популација говори статистиката, каде што може да се забележат навистина одлични бројки. Зошто е важна ПХВ програмата за развојот на секој млад човек?

Во 2018 година обуката ја поминаа 1036 младинци кои изработија 150 мали проекти, вложија повеќе од 26.00 волонтерски часови, помогнаа 3.183 лица и собра 31.028 евра од заедница кои повторно беа вратени во заедница. Замислете колку многу младинци ја поминале обуката и биде дел од оваа програма во изминатите дваесетина години?

ПХВ програмата е важна бидејќи претставува ретка можност младите да ја сменаат својата дневна рутина, да научаат да прават добри нешта за себе но, за другите во заедницата но и за самата заедницата. Тие тимски изработуваат мал проект, поминуваат и време заедно во реализација на проектот и менуваат нечии животи а при тоа менувајќи го и сопствениот живот. Преку програмата градиме подобри личност и идни лидери во нашата земја кои ја центаат и почитуваат волонтерската работа.

5. Доколку имате вие од 15-18 години дали и поради што најмногу би се вклучиле во ПХВ? Вака најлесно читателите ќе дознаат зошто би се вклучиле?

Ако знам дека младите на оваа возраст имаат можност да прават проекти преку кои на организиран начин го користаат своето слободно време а при тоа помагаат на поединци на кои помошта им е потребна, би сакала да бидам дела од една таква приказна. Би сакала да бидам херој кој собира средства за реновирање на купатило на некое социјално загрозено лице или семејство, да организирам литературни читања и со парите да можеме да му купиме инструмент на талентирано дете… Би сакала да ги менувам нештата, не да чекам некој друг да ги движи туку тоа да бидам јас со мојата група.