Категории

4 апликации кои секогаш ви ја трошат батеријата – дури и кога не ги користите!

Можеби би требало да размислите дали треба да избришете некоја од нив за да ви трае батеријата на телефонот подолго. Веројатно мислите дека апликациите ви ја трошат батеријата само кога и користите. Но, всушност постојат апликации кои работат и кога не го допирате телефонот.

„Спотифај“

Стриминг апликациите како што е „Спотифај“ константно ги проверуваат податоците во позадина и ве известуваат за новостите. Апликацијата константно симнува податоци за да може да слушате музика постојано, а тоа само дополнително ја оптеретува батеријата.

„Инстаграм“

Една од најголемите причини зошто Инстаграм троши батерија и фактот дека само излегувате од него, а не го исклучувате. Можеби најголем проблем е следењето на локацијата – Инстаграм тоа го прави редовно, па дури и кога не го користите.

„Снепчет“

Оваа апликација многу ја троши батеријата поради камерата. Еден од најдобрите начини да го намалите трошењето на батеријата додека ја користите оваа апликација е да го префрлите „Снепчет“ на „Travel Mode“ бидејќи на тој начин многу помалку ќе работи во позадина.

„Фејсбук“

Оваа апликација постојано бара ажурирање, како и поставување слики и видео снимки. Но, тоа не е сѐ. Фејсбук константно ја прати вашата активност за да им помогне на огласувачите подобро да ги таргетираат своите огласи.

Прегледи:
617
Објавено на:
17.07.2019