Категории

4 грешки што сите ги правиме кога готвиме јајца

На око, кајгана, пржени јајца, тврдо варени, се праќаат – но никогаш не се како оние од рекламите на готвачите на Инстаграм? Не грижете се, може да постигнете совршенство со неколку од овие практични совети.
Треба да ги избегнувате само овие грешки.


Премногу ги матиш јајцата за кајгана
Јајцата за кајгана немој никогаш да ги мешаш со миксер или во блендер, бидејќи ќе добиеш чудна смеса која воопшто не е вкусна. Доволно е да се изматат со вилушка или жица и тоа само додека не се спојат белката и жолчката.

Ги додаваш состојките предвреме
Дали знаеш дека кога додаваш домати или спанаќ во тавата се наеднаш, нема да испадне добро. Ова може целосно да се избегне со намалување на температурата, мешање лесно и додавање на нешто што сакате кога јајцата се речиси целосно печени.


Јајцата ги вртите во тавата – и не знаете како да ги вртите правилно
Ако не можете да се свртите јајцата како палачинка, а жолчката да не се распадне, еве ви трик кој помага: покријте ја тавата со капак и печете ги јајцата на тивок оган. Така белката ќе ја покрие белката и ќе го имате истиот ефект како и со вртењето.

Предолго ги варите јајцата
Ако тврдо варените јајца изгледаат сиво, значи не внимавате на времето.

Прегледи:
418
Објавено на:
09.04.2018