Категории

4 начини како да не си го трошите времето

Многу често ни се случува да мислиме дека немаме доволно време за да постигнеме со оние работи кои мораме да ги правиме, а камо ли работите кои сакаме да ги правиме. Во многу случаеви всушност трошењето на време е поголемиот проблем одошто немањето време. Еве 4 начини како да го престанеме да го трошиме времето:

Пробајте го правилото на 2 минути

Правилото на 2 минути гласи дека доколку за нешто е потребно 2 или помалку минути да го направите, направете го веднаш. Вториот дел гласи дека дколку почнувате нова навика, направете навиката да може да ја правите 2 минути дневно.

Поставете си „Макро“ и „Микро“ цели

„Макро“ цели се оние цели кои сакате да ги постигнете, а се поголеми т.е. пообемни. „Микро“ цели се оние цели за кои ќе Ви биде потребно минимално работа за да ги постигнете. Обично овие „Микро“ цели се дел од некоја „Макро“ цел.

Не правете „мултитаскинг“

„Милтитаскинг“ не е ефективен начин за да направите повеќе работи во помалку време. Со „мултитаскинг“ трошите повеќе време отколку кога би ги правеле работите една по една. Затоа сконцентрирајте се на една работа и прво завршете ја таа пред да почнете некоја друга.

Направете си Ваши рокови

Поставете си Вие Ваши рокови за работите кои сакате да ги направите. Роковите работат кога се поставени и од самите Вас. Затоа напишете ги сите работи кои сакате да ги направите и поставете рокови кои Вам Ви одговараат.

Прегледи:
373
Категории:
Животен стил
Објавено на:
10.10.2022