Категории

4 најефикасни вежби за согорување на калории

Доколку сакате ефикасно да согорите калории и добро да се испотите, постојат неколку вежби за кои експертите веруваат дека се најефикасни во процесот на губење калории и затоа потребно е да бидат вклучени во вашиот секојдневен тренинг.

Најефективни се оние вежби за кои е потребен поголем интензитет и напор!

1. Скокање со јаже

Многу корисна и популарна форма на тренирање, ќе ви ја тестира силата и ќе ве препоти до „гола кожа“, а ќе резултира со загуба од 700 до 900 калории. Ако сакате да постигнете идеален ефект, одберете потешко јаже за активно користење на рацете на рамената.

2. Возење велосипед

Еден час возење велосипед во сала или па во природа ќе доведе до ефикасно согорување од 560 до 840 калории. Оваа вежба е особено добра затоа што активира посебна група мускули.

3. Трчање

Трчањето е неопходен дел од тренингот затоа што ги активира сите мускулни групи и е многу ефикасно при согорување на калории. За само 10 минути активно трчање, согорувате околу 600 калории. Кога трчате, најважно е да поставите добро темпо.

4. Качување по скали

Справата во вид на ескалатор стана многу популарна во теретаните, а не е без причина. Активното вежбање на неа може да доведе до губење на 700 калории за еден час.