Рецептот за здравје и убавина е едноставен: ти си она што јадеш. Убавината и здравјето доаѓаат одвнатре и затоа имаме на ум 6 супер-здрави (вкусни ) намирници. И не, морковите не се единствената храна што е здрава за нашите очи.
Некои од намирниците што треба да ги имате на ум ако сакате да го подобрите здравјето на очите се:
Риба
Риба како лосос, туна, сардина и скуша е богата со омега-3 масни киселини, која заштитува од суви очи, макуларна дегенерација и катаракта.
Јаткасти плодови
Ф’стаци, лешници, бадеми – богати со омега-3 масни киселини и витамин Е , за подобрување на здравјето на очите.
Мешунки
Грав, грашок и леќа се добар извор на биофлавоноиди и цинк и може да ја заштитет мрежницата и да ја намалат можноста за макуларна дегенерација и катаракта.
Цитрусно и бобици овошје
Портокали, грејпфрут, лимон и плодови со бобици се богати со витамин Ц, кој исто така штити од катаракта и макуларна дегенерација.