Категории

4 навики на долгорочни и успешни врски

Кои се вистинските знаци на една успешна врска?

Освен благосостојбата на двата партнери еве 4 навики кои ги отсликуваат догорочните и успешни врски:

Имаат научено како да се караат

Тие знаат точно што му смета на другиот и го имаат научено „Јазикот на карање“ на нивниот партнерот. Тие точно знаат што му треба на партнерот за време на конфликт (простор, прегратка, бакнеж…). Тие имаат научено да се искажат на начин каде што кажаното е повеќе корисно отколку болно.

Си простуваат лесно

Тие знаат дека се сакаат, а луѓе кои се сакаат не се повредуваат. Тие лесно си простуваат без притоа во иднина да бројат колку пати попрво простил едниот или другиот.

Често си кажуваат „Благодарам“ или „Извини“

Тие му обрнуваат многу внимание на својот партнер и не одбегнуваат да го пофалат за најмалите работи. Тие даваат искрени комплементи и многу брзо се извинуваат кога не се во право.

Романтичниот период никогаш не престанува

Тие се смеат заедно и не се премногу сериозни кога се заедно. Тие исто така знаат дека догорочните врски не се секогаш полни со различни настани или новости кои се возбудливи. Тие имаат реалистични очекувања и посветуваат многу време за да ја одржат возбудата и романтиката во нивната врска.

Прегледи:
373
Објавено на:
13.09.2022