Категории

4 нешта кои би требало да ги правиме во врската

Станува збор за четири едноставни навики кои многу од нас се уште ги немаат прифатено, а кои значително ќе го подобрат љубовниот однос.

Во продолжение дознајте зошто се толку важни за врската…

1. Секој ден потсетувајте го партнерот колку ви е важен…партнерите многу често се земаат “здраво за готово“, особено кога се во долга врска.

Психологот Susan Krauss Whitbourne, вели дека и најмалите гестови значат многу.

Пример кога ќе се вратите од работа преморена партнерот ако ви ги измасира стопалата, а вие на него му го донесете омилениот сладолед и двајцата ќе се чувствувате сакано.

Затоа внесете ги во секојдневната рутина овие потези и гарантирано ќе ја засилете врската.

2. Детали од врската треба да ги зачувате само за вас…нормално ни е на најдобрата пријателка секогаш да и се доверуваме.

Но делењето на интимните детали од врската не се пожелни бидејќи од ништо може да прерасне во голем проблем.

3. Отворено разговарајте за сите теми…своите мисли и чувства често ги држиме во себе.

Во секоја врска или брак треба искрено и отворено да разговараме за сите теми, проблеми и слично бидејќи единствено преку отворена и искрена комуникација се постигнува хармонија во врската.

4. Поминете еден час повеќе заедно…факт е дека во денешно време паровите имаат се помалку време за заеднички активности и поради тоа односот страда.

Обидете се секој ден да одвоите по еден час за да поминете во друштво на партнерот или пак еднаш неделно организирајте повеќечасовен состанок во кој квалитетно ќе се дружите двајцата.

Врските сами по себе се комплицирани и ако не поминуваме квалитетно време со партнерот емоциите и интересот кон него лесно можат да се изгубат.

Прегледи:
446
Објавено на:
25.04.2016