Категории

4 нешта кои мажот ги очекува од нас на првиот состанок

Првите неколку состаноци во врската се момент во кој не ни е баш најпријатно да кажеме се што сакаме од другата личност и во оваа фаза ни е страв партнерот да не не оцени како неприкладни за врската.

Па затоа овој пат ги запрашавме мажите да ни ги откријат нештата кои едноставно се плашат да ги побараат од нас на самиот почеток на врската.

# Да се јавиме први…некои мажи се ловци и се сакаат да направат сами, но на голем дел од нив им “паѓа камен од срце“ кога жената ќе ја превземе иницијативата.

# Да им поставуваме прашања…една од најголемите работи на кои мажите се жалат е тоа дека дамите не се трудат доволно околу нив. Многу често девојките/жените се повлекуваат во себе и очекуваат дека се што треба е да одговараат на прашања.

# Да се заинтересираме за нивните страсти и хобија…тоа не значи дека треба да глумиме дека не интересира нешто што не не интересира, туку едноставно да поставиме две три прашања за неговите интереси.

# Да им дозволиме да ја платат сметката…не затоа што не веруваат во еманципација туку затоа што сакаат да бидат кавалери.

Прегледи:
414
Објавено на:
04.05.2016