Без солидна комуникација нема добра врска. Избегнувањето на одредени теми може само долгорочно да му нанесат штета на вашиот однос.
Во продолжение прочитајте кои разговори треба да го водите ако не секој ден барем често за да имате добра и стабилна врска…
1. За потешкотиите на кои сте наишле во текот на денот…ако било стресно на работа, кавга со некој член на семејството, поделете го тоа со својот партнер и поттикнете го и тој да ви ги раскаже своите тешкотии. Така развивате чувство на блискост и доверба во љубовниот однос.
2. За целите и плановите…отворен разговор за вашите мали и големи цели ќе ве мотивираат без воздржаност да чекорите кон нив. Задолжително планирајте заеднички активности.
3. За здравјето…понекогаш криеме здравствени проблеми за да не го оптеретуваме партнерот, но здравјето секогаш треба да е на прв план и за него секогаш треба отворено да разговараме.
4. За убавите спомени…сеќавањето на убавите моменти поминати заедно би требало да се честа тема на паровите. Таквите разговори создаваат позитивна енергија.