Категории

4 знаци кои покажуваат дека љубовта НЕ е обострана

Ако имате впечаток дека љубовта не ви е возвратена, или барем не во таа мера во која вие би сакале, еве на што треба да обрнете внимание

Сите сакаат да бидат среќно заљубени и да не бидат повредени, но всушност таа желба за „идеалната“ врска понекогаш не води кон големи разочарувања.

Брачниот терапевт и експерт за врски и партнерски односи, Индија Канг за Daily Mail открива четири витални знаци кои веќе во раните фази на врската можат да укажат на тоа дека вашиот партнер не го чувствува истото како и вие.

Не знаете на што сте
Луѓето понекогаш својата врска ја опишуваат како комплицирана. Секој пат кога ќе го слушнам тоа, помислувам „О, не..“ Затоа што секогаш се испоставува дека другиот партнер не сака да ддели емоции со личноста со која разговарам. – вели Индија.
Друг знак кој укажува на ова е чувството дека постојано сте во некој режим „топло-ладно“.

Личноста која ја сакате никогаш не ви е на располагање
Ако не ви одговара на пораките, не ви се јавува кога ќе ја побарате, ако одбива повици и тоа се повторува од ден во ден, тогаш тоа не може да се препише на „гужва на работа“. Тоа едноставно значи дека на вашиот партнер не му е гајле за вас а нити за вашата врска.

Вашата врска трае веќе долго време, а вие сеуште не сте го запознале семејството и пријателите на партнерот
Ова е очигледен знак. Кога сте среќни и заљубени, имате потреба тоа да го споделите со целиот свет, а најприродниот потег е личноста која ви го украла срцето да ја претставите на најблиските. Ако со месеци се гледате со некој и сеуште не сте запознале ама баш никој од неговите блиски, колеги, членови од семејството, тоа значи дека е време да ставите крај.

Никогаш не сте слушнале „те сакам“
Сурово, но вистинито. Ако личноста која ја сакате никогаш не ви рекла дека ве сака, тоа не е поради срамежливост, нити поради тоа што „не е тип кој покажува чувства“. Тоа не сте го чуле а и нема да го чуете затоа што таа личност не ве сака. Толку е едноставно!

Прегледи:
471
Објавено на:
23.11.2019