Кога и да помислиме на талент, секогаш тоа го асоцираме со нешто врвно, беспрекорно, импресивно, нешто што навистина има вредност. Меѓутоа, секогаш има безброј работи коишто ги правиме, а навидум изгледаат како да не играат никаква улога во секојдневието. Како и да е, некои од тие бескорисни работи можеме да ги правиме само ние и никој друг, ние го поседуваме магичното стапче и ја имаме моќта да донесеме забава. Во продолжение проследете некои од интересните „бескорисни“ таленти.
1. Како да направите торба од панталони:
Преврзете ги панталоните на долниот дел од ногавиците, а потоа преврзаниот дел врзете го за местото каде што се закопчува патентот.
2. Како да направите туш кабина во шише за вашиот миленик:
Пресечете го шишето на пола, горниот дел наполнете го со вода и превртете го. На затката направете мали отвори од коишто ќе тече водата.
3. Како да направите интересна салфетка во којашто ќе можат да се сместат три видови на прибор:
Трите слоја од салфетката свиткајте ги од едниот крај кон другиот дијагонално, притоа секој крај да биде под горниот слој, а потоа превиткајте ја на половина.