Категории

5 бои кои треба да ги избегнувате на ѕидовите во спалната соба

Спалната соба е место каде најдобро се чувствуваме и секој кој сака да му биде пријатно и опуштачко во оваа просторија треба да обрне внимание на бојата на ѕидовите која ите како влијае на расположнието и функционирањето.

Ова се 5 бои кои никако не се препорачливи за просториите во кои спиете и планирате да се одморите.

ЦРНА
Освен што ја замрачува собата, црната боја создава илузија дека собата изгледа помала отколку што вистински е. Иако мракот може да би помогне побрзо да заспиете, последично ќе ја спречи вашата способност за будење на утро. Темнината ќе ви ја смали енергијата психички.

НЕОНСКИ БОИ
Секогаш треба да избегнувате употреба да неонски бои затоа што внесуваат возбуда и енергија во спалната соба. Соодветно на тоа, во таква атмосфера потешко ќе се опуштите. Наместо тоа се препорачува употреаба на светли нијанси на сива и беж боја.

ЖОЛТА
Жолтата е поттикнувачка боја, затоа што светлината секогаш ја поврзуваме со сонцето. Иако веселиот тон може да биде одличен за почетокот на денот, оние кои се одлучуваат за соба во оваа боја, најверојатно дека тешко ќе заспиваат.

ЦРВЕНА
Како и жолтата, црвената е впечатлива боја која може да предизвикува чувство на немир и вознемиреност. Тие две бои често се користат во маркетингот затоа што ги стимулираат сетилата, а тоа не е нешто кое сакате да го правите кога се обидувате да заспиете.

ТЕМНОКАФЕАВА
Темните бои пружат чувство на тежина и мрак. Тоа може да ја намали мотивацијата за будење наутро. Меѓутоа, доколку сакате темни бои, тогаш употребето нешто да ги нагласите а не ги бирајте како главни бои.

Прегледи:
865
Објавено на:
17.10.2020