Категории

5 cool факти кои можеби не сте ги знаеле за Стивен Хокинг

Тој напишал дека боледувал од тешка болест речиси целиот свој живот, но тоа не го спречило да има семејство и да биде успешен во неговата работа: ,,Тоа покажува дека никој не треба да ја изгуби надежта”.

Веста за смртта на британскиот астрофизичар и писател Стивен Хокинг го растажи целиот свет, но она што најфасцинантно е фактот дека овој човек живеел живот во вистинска смисла на зборот!

Иако живееше со тешка болест, амиотрофична латерална склероза (АЛС) и му прогнозирале дека ќе живее многу кратко, Стивен, зад генијалните откритија, има две свадби, деца, неколку телевизиски настапи …

Затоа извлековме 5 интересни детали за неговиот живот,за кој можеби не сте знаеле.

1. Имал лоши оценки во училиште

Можеш ли да веруваш дека модерниот ,,Ајнштајн” бил лош во училиште ?! Кога бил ученик во основно училиште, Хокинг во еден момент имал толку лоши оценки што бил најлош во класот.

2. Тренирал веслање во Оксфорд

Хокинг бил многу осамен и несреќен за време на неговата прва година во Оксфорд, и единственото нешто што го извадило од таа тага било веслањето. Иако не бил атлетски граден, тој бил идеален за позицијата на која бил должен да го контролира возењето и брзината.

3. Можел да го промени својот глас, но не го направил тоа

Хокинг го имаше својот специфичен глас уште во 1986-та година со помош на DECTalk DTC01, што е прилично стара технологија. Со него имаше американски акцент, иако беше британец, но никогаш не сакаше да го промени.

4. И покрај болеста, создаде семејство и беше успешен во работата

Првиот брак беше факултетска љубов и може да се каже вистинска љубов. Со Џејн Вајлд биле во врска пред да дознае дека е болен, и покрај се, таа одлучи да се омажи за него. Таа еднаш изјави дека е омажена со три лица: со него, со болеста и физиката. Сепак, од Џејн, со која имаше три деца, се разведи по 26 години брак и се ожени со медицинска сестра Елејн Мејсон. Многумина ја нападнале дека е во брак од корист, а за време на нивниот однос, многу се зборувало дека Мејсон го малтретирала Хокинг. Мејсон и Хокинг се разведоа по 11 години брак, но во таа прилика не ја споменале причината за разводот.

5. Глумеше во епизода од Ѕвездени патеки

Се појави во многу ТВ шоуа, но најинтересен е фактот дека тој глумеше во епизода од Ѕвездени патеки каде се глумеше самиот себе како игра покер со Исак Њутн и Алберт Ајнштајн.

 

Прегледи:
485
Објавено на:
27.03.2018