Категории

5 едноставни совети кои ќе направат да се чувствувате попривлечно

Здравата исхрана и редовната посета на теретана, секако ќе имаат позитивен ефект врз вашиот физички изглед, меѓутоа, понекогаш ни e пoтребно нешто што за само неколку минути ќе ве направи попривлечни и посигурни.

Применете неколку од следниве трикови и ќе го постигнете токму тој ефект – ќе бидете сигурни во себе и ќе зрачите со убавина и доверба!

1. Смејте се повеќе

Нема таков маж, ниту жена која нема да ја спомне насмевката како една од омилените одлики на нејзиниот партнер. Овој едноставен потег на усните нè прави подостапни, весели и привлечни, а воедно го подобрува расположението во моментот.

2. Носете црвено

Црвената е прогласена за најатрактивна боја, која особено го привлекува вниманието на мажите. Еден од главните аргументи е дека жената изгледа многу по “женствена“ кога носи црвено.

3. Натерајте ги другите да се смеат

Хуморот, после лојалноста и искреноста е најважната доблест што ја бараат жените и мажите од своите партнери. Не се ограничувајте само да ги забавувате своите партнери. Ако спонтано им се насмеете на луѓето кои ги сакате, ќе се чувствувате многу поубаво.

4. Најдете го вашиот впечатлив парфем

Изберете го омилениот парфем и направете го ваш заштитен знак. Покрај тоа што ќе добивате комплименти од другите за тоа како секогаш убаво мирисате, ќе се чувствувате попривлечно и самоуверено.

5. Носете потпетици

Комбинирајте ги во дневната или вечерната облека, но пронајдете пар во кој ви е удобно, бидејќи лошото одење со потпетици не изгледа многу привлечно. Покажете го вашиот став и доверба, но и грациозност.