Категории

5 ефикасни јога вежби за убави и цврсти гради

Поголемиот дел од жените не се задоволни со обликот и големината на своите гради, затоа несигурно и ретко носат облека која ги открива. Особено ако на насловната страна на магазинот се смее убавица со бујно деколте во бикини.

Секој може да го создаде телото кое го посакува. Ова се ефикасни јога вежби, кои не само што ја подобруваат состојбата на вашите гради и го зголемуваат капацитетот на белите дробови, туку и ќе ви помогнат да се чувствувате посилни и поенергични.

Поза војник

Позата војник ќе ви помогне не само да почувствувате сила, туку и да го отворите градниот кош, да го направите поеластичен и подвижен:

1. Поставете ги нозете широко, нека бидат паралелни една на друга.

2. Подигнете го левото стапало за 90 степени кон лево, а десното навнатре. Издишете, и свиткајте ја левата нога кон коленото.

3. Десната нога мора да биде права. Подигнете ги рацете странично, до висина на рамениците. Главата свртете ја налево, погледот во правец на дланката.

4. По 7-10 циклуси, повторете го ова, но на десна страна.

Поза триаголник

Позата триаголник го отвора и зацврстува градниот кош, ја истегнува кичмата и ја подобрува циркулацијата.

1. Поставете ги нозете широко, левата подигнете ја за 90 степени, а десната за 15.

2. Со левата рака допрете го стапалото (со тек на време ќе можете да го допирате и подот со дланка), а десната испружете ја нагоре, така што двете раце ќе формираат права линија. Водете сметка да не ги виткате кичмата и колениците.

3. Свртете го лицето нагоре и гледајте во прстите на испружената рака. Повторете ја вежбата на другата рака.

Поза кобра

Позата кобра помага при зголемување на капацитетот на белите дробови, да се истегнат мускулите на градниот кош, да се зајакнат мускулите на стомакот и да се формира правилно држење на телото.

1. Лежете на стомак и земете длабок воздух. Полека подигнете го горниот дел на телото, додека во исто време го допирате подот со долниот дел. Одржувајте рамнотежа на рацете и нозете.

2. Подигнете ја главата и погледнете нагоре.

3. Издишете полека и вратете се на почетната положба. Со секое повторување трудете се што подолго да ја задржите позата.

Поза лак

Позата лак се препорачува на сите кои патат од болки во грбот. Оваа вежба овозможува да се истегнат сите делови на кичмата и да се добие убав облик на градите.

1. Легнете на стомак. При издишувањет свиткајте ги нозете во колениците и подигнете ги во правец на главата. Обидете се да ги фатите стапалата со рацете.

2. Сега полека издишете и полека влечете ги рацете и нозете нагоре, колку што можете повеќе. Колковите и градите треба да се одвојат од земја. Баланс држете на стомакот.

3. Обидете се да останете во таа положба 30 секунди.

Поза мост

Мост позата помага да ги истегнете мускулите на градниот кош, кичмата и вратот, да го намалите заморот и да ја отстраните главоболката.

1. Легнете на грб и раширете ги нозете повеќе од ширината на рамениците и подигнете ги што повеќе кон задникот. Поставете ги рацете позади глава, со дланките надолу, со прстите свртени кон задникот.

2. При издишувањето подигнете го градниот кош и колковите колку можете повеќе.

3. Потрудете се максимално да ги испружите рацете. Останете во таа попложба 30 секунди.

Прегледи:
887
Објавено на:
26.09.2019