Категории

5 факти за сексот кои можеби не сте ги знаеле

За сексот постојат многу митови, но за среќа постојат доволно истражувања кои многу успешно покажуваат дека поголемиот дел од тврдењата не се вистините, а ова се петте најинтересни.

Бисексуалноста е траен избор – не само една фаза во развојот на сексуалноста на некоја личност, како што покажуваат истражувањата при Универзитетот во Јута.

Луѓето во богатите земји повеќе ги ценат слабите тела – а во сиромашните обратно. Нукако не може да се потцени влијанието на медиумите кои се немерливо посилни во развиените земји наметнувајќи свои стандарди, така што всушност не може да се каже дека земјата и културата имаат големо влијание на идеалот за убавина.

Што доаѓа прво, желбата или возбудата – се покажало дека нашето тело реагира на сексуалните сцени пред нашиот мозок да почне да се занимава со тоа, па така што најпрво се возбудуваме, а дури потоа добиваме желба за секс, иако сите би ставиле рака во оган дека е обратно.

Кој е повозбуден, мажите или жените – сите веднаш би одговориле дека тоа се мажите, но компаративната анализа на десетина истражувања на таа тема покажала дека станува збор за мит кој не е реален – двата пола се подеднакво возбудени, а културата и опкружувањето одредуваат колку таа возбуда јавно се покажува.

Забележувањето на потенцијалните сексуални партнери – мажите и жените покажале различни модели на гледање на фотографиите од личностите во спротивниот пол, но не баш онака како што мислите. Мажите ги проучувале ликовите значително подолго од жените, за кои примарно било телото, а и двата пола накратко погледнувале во гениталиите.

Прегледи:
467
Објавено на:
18.12.2018