5-годишната Ана Мазнејкова е поканета на крајот од месец март да настапи во престижниот „Ројал Алберт Хол“ (Royal Albert Hall) во Лондон, Велика Британија, заедно со пијанисти од САД, Сингапур, Тајланд, Русија, Јапонија, Австралија, Шведска, Швајцарија Полска, Италија и други земји.
Концертот е всушност „Церемонија на доделување на награди на победниците“ на пијано натпреварот и на истиот, на Ана треба да и биде врачена диплома за освоена Прва награда и Златен медал.
Ова е шеста прва награда за Ана Мазнејкова, која во декември освои и прва награда на Меѓународен натпревар во Белград. А досега во својата биографија ги има вметнато и специјалната прва награда од Париз и трите први награди од меѓународните пијано-натпревари во Милано, Белград и Гевгелија.
http://strumicanet.com/