Сите по дома имаме многу кутии кои вообичаено ни стојат над полиците и само зафаќаат простор. Често сме во дилема дали да ги чуваме или едноставно да ги исфрлиме. Но доколку се одлучите да ги исфрлите, прво погледнете ги овие неверојатни идеи кои со сигурност ќе ве убедат дека од истите може да направите прекрасни изуми!
1. Кутија за подароци
Украсете ја кутијата со украсна хартија и панделки, и спремни сте да го ставите подарокот во неа. За детална изработка на овој проект притиснете тука.
2. Кутија за шминки
Доколку не можете да им го најдете крајот на многуте моливчиња за усни и маскари кои ви се плеткаат дома, сместете ги истите во кутија за козметика која можете да ја направите и самите. За повеќе инструкции, притиснете тука.
3. Проектор за слики
Можете да направите проектор од кутија за чевли и лупа со цел да гледате фотографии и видеа од вашиот смартфон на голем екран. Инструкциите се тука.
4. Полица за обетки
Празна кутија е доволна за да направите полица за обетки. За подетални инструкции притиснете тука
5. Станица за полнење
Доколку не можете да се справите со испреплетените кабли од полначите за вашите телефони, тогаш ова е идеално за вас. Инструкциите се тука