Категории

5 клучни разлики помеѓу сродна душа и животен партнер

Постојат многу погрешни сфаќања за значењето на сродната душа, како и за тоа на животниот партнер. Сродната душа е личност која доаѓа во вашиот живот за да ве научи, збогати, да ве турка напред и да ви помогне да станете многу посвесни за своето постоење. Животниот партнер е придружник на кој му верувате и од кој зависите во текот на вашиот живот. Во продолжение следуваат клучните разлики помеѓу сродната душа и животниот партнер…

1. Сродната душа ви помага да ги научите големите животни лекции

Сродните души можат да влезат во вашиот живот како пријатели, членови од семејството или љубовници. Тие ја пополнуваат страста и желбата која треба да биде научена. Откако задачата или насочувањето ќе биде завршено, вашата сродна душа најчесто си заминува, оставајќи голема болка зад себе.

Животниот партнер има слични интереси во вашиот живот. Оваа личност може да биде вашиот најголем фан или столб на сила и поддршка, помагајќи ви да преземате повеќе ризици. За разлика од сродната душа, животниот партнер останува во ваша близина, без разлика на пречките и предизвиците кои следуваат.

2. Постои огромна разлика во поврзаноста на душите

Сродните души имаат длабока поврзаност помеѓу срцето и свесноста. Тие удираат во егото и донесуваат превирања. Врските најчесто се интензивни и преполни со транзиции. Но, сепак овие прекрасни искуства неретко завршуваат со скршени срца. Сродните души носат кармички лекции кои треба да бидат завршени во оваа инкарнација.

Животните партнери доаѓаат во оној момент кога постои љубов кон себе и прифаќање. Вие повеќе немате потреба да ја пополните празнината која не може да биде објаснета. Овие партнери имаат слични приказни, па токму затоа и се појавуваат во вашиот живот со цел да останат таму подолго.

3. Постои привлечност која ја надминува оваа временска линија

Кога ќе ја запознаете вашата сродна душа, вие се чувствувате како да сте ги знаеле отсекогаш. Се разбирате еден со друг и имате слични начини на размислување. Вашето детство е исполнето со слични приказни. Токму тука и започнува интензивноста помеѓу сродните души. Вие едноставно „знаете“ дека помеѓу вас постои магнетска привлечност. Овие врски можат да бидат хаотични и деструктивни токму затоа што постои отсликување на мааните и навиките.

Од друга страна пак, животните партнери доаѓаат од различни патишта и потекла. Токму оваа разлика ја зголемува емоционалната поврзаност. Вие сакате да знаете повеќе и да учите еден од друг. Вие се чувствувате лесно во нивното присуство и тоа се претвора во пријателство кое е цврсто и трајно. Љубовта се зголемува со секој нареден ден.

1 2

Прегледи:
565
Објавено на:
30.03.2016