Што и да правиме во секојдневниот живот, фокусот е најважен. Без бистар ум многу е потешко да се фокусираме на задачите кои ги извршуваме. Со цел да бидеме попродуктивни и да се чувствуваме посмирено, еве 5 начини како да си го избистриме умот:
Почнете со „отследување“.
Отследете ги луѓето кои не Ве прават да се чувствувате добро, не Ве информираат за новости или не Ве прават да се чувствувате инсиприрано. Не правете место за негативни чувства кои доаѓаат од социјалните медиуми.
Внимателно бирајте го Вашето друштво.
Да бидете селективни со Вашето друштво значи дека ќе имате помалку пријатели, но ќе имате многу поквалитетни пријателства кои ќе бидат поисполнувачки.
Живејте во моментот.
Запомнете дека не може да го смените минатото, но можете да ја оформите иднината. Бидете скромни и обрнете внимание на работите кои можете да го контролирате.
Конзумирајте здрава храна.
Не ги истурајте Вашите емоции на храната која ја јадете. Ставете се себе сѝ на прво место и осигурајте се дека храната која ја конзумирате ќе Ви направи да се чувствувате подобро отколку полошо.
Одете почесто на прошетки во планина.
Прошетките се одличен начин за си го разбистрите мозокот. Природата и зеленилото ни даваат одреден спокој кој не се наоѓа на друго место. Овие зелени глеки ни доволуваат да зaборавиме за градот и нашите проблеми.