Категории

5 начини како да го издвоите најдоброто од Вашето дете

Најдобриот звук во светот е смеењето на Вашите деца, звук којшто го прави светот многу поубав. Како тие ќе израснат зависи од Вас родителите, а за да го издвоите најдобрите карактеристики од Вашето дете прочитајте го ова:

1. „Доколку сакате Вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Доколку сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им повеќе бајки“ – Алберт Ајнштајн.

2. „Никогаш не им давајте на Вашите деца книга којашто ни самите не би ја прочитале“ – Џорџ Бернард Шо.

3. „Дајте им на децата играчки коишто се напојуваат не од батерии туку од нивната имагинација“ – Џексон Браун.

4. „Кажете им на Вашите деца дека се уникатни, единствени. На тој начин тие нема да чувствуваат притисок дека мора да бидат како сите други“ – Синди Кешман.

5. „Сослушајте ги желбите на Вашите деца. Охрабрете ги, а потоа дајте им автономија сами да донесат одлука“ – Денис Вејтли.

Прегледи:
428
Објавено на:
04.01.2023