Категории

5 начини како да му простите на некој кој воопшто и не се извинил

Во конфликтот секогаш се присутни 2 страни, но не секогаш се присутни и две простувања и извинувања. Понекогаш имаме потреба да му простиме на човека без тој/таа да побарал простување. Да му простиме поради нас и да продолжиме со животот. Еве 5 начини како полесно да му простите некому:

  1. Знајте ја Вашата вистина. Вие знаете низ што сте поминале. Не ви треба нивното признавање или валидација за она што се случило.
  2. Не кажувајте „Океј е“, кога не е. Дозволете си да ја чувствувате болката од она што го направиле. 
  3. Не дозволувајте луѓе во Вашиот живот кои постојано Ве повредуваат. 
  4. Не дозволувајте да Ве натераат да мислите дека си заминувате или дека сте пречувствителни. Ако нешто боли, во тој случај боли. Вашите чувства се валидни и треба да бидат почитувани.
  5. Разберете дека Вашето простување не е врзано со нивното извинување. Вашата прошка значи дека нивните акции повеќе не Ве контролираат и си ја враќате моќта врз самите себе.
Прегледи:
369
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
14.10.2022