Категории

5 начини како да се мотивирате себеси да заштедите

Поголемиот дел од нас би сакале да имаат заштеда. Се работи за фонд во случај на итна потреба, одмор од оништата, за случај на отказ или едноставно поради создавање психолошка сигурност. Меѓутоа, како да заштедите кога секоја потрошена пара резултира со поголемо задоволство отколку заштедената?

Штедете помалку и често
Немојте да мислите дека не вреди да се штеди доколку не издвојувате барем половина од својот приход. Тоа би значело како да си кажете на себеси дека не вреди да вежбате освен ако немате цел ден на располагање.
Размислете за заштеда која е сосема минимална, може да биде и една четвртина од вашиот доход, сосема минорна која и едвај можете да ја забележите, но после некое време ќе увидите колку всушност била значајна.

Водете дневник за штедењето
Не само што требате да водите дневник за штедењето, туку треба и да ги бележите сите свои приливи и одливи. Запишувајте колку сте заработиле и колку сте потрошиле. На тој начин најдобро ќе воочите на што најмногу се расфрлате со пари.

Штедете за специфична цел
Јасната цел ќе ви го олесни штедењето. Ако знаете дека ви требаат 30,000 за нов компјутер, и ако сакате да имате 60,000 во фондот за секој случај, можете полесно да процените колку треба да заштедите. Ако се усредоточите на крајната цел тоа ќе ве мотивира.

Автоматизирајте го вашето штедење
Еден од начините да се „присилите“ на штедење е да потпишете траен налог со кој секој месец од вашата тековна сметка одредена свота ќе биде префрлана на вашата штедна.

Прегледи:
391
Објавено на:
13.10.2019