Категории

5 најчести грешки кои ги правиме кога го полниме мобилниот телефон

Постојат многу тврдења за тоа што е добро или лошо за траењето на батеријата на мобилниот телефон, но дали сите се вистинити? Ова е петте најчести грешки кои ги правиме кога го полниме нашиот мобилен телефон.

1. Батеријата треба да биде празна пред полнењето. Ова важи само ако се користат никел кадмиумски батерии, чиј капацитет се намалува ако мобилните телефони премногу често се полнат. Литиум-јонските батерии, кои се користат во современите паметни телефони, немаат овакви проблеми.

2. Користење на полнач, кој не е испорачан заедно со уредот, е штетен за батеријата. Не постои погрешен полнач кога станува збор за паметни телефони кои се полнат преку USB приклучок. Разликата е само во брзина на полнењето.

3. Новиот мобилен телефон треба целосно да се наполни при првото користење. Ова беше праксата пред литиум-јонските батерии. Денес секој корисник одлучува дали целосно ќе го наполни уредот при првото користење. Ова нема да влијае на капацитетот на батеријата.

4. Честото вклучување или исклучување на телефонот ќе го намалат животниот век на батеријата. Точно е дека животниот век на батеријата содржи одреден број на циклуси за полнење, но еден циклус може да се состои од неколку поединечни полнења.

5. Секогаш треба да го наполните вашиот мобилен уред до 100 проценти. Оптималното ниво на полнење се движи од 30 до 70 проценти. За да ја зачувате батеријата подобро е мобилниот телефон да го полните во неколку пократки временски периоди.

Прегледи:
818
Објавено на:
08.02.2019