Категории

5 најсигурни градови за патување во светот после пандемијата

Компанијата „Economist Intelligence Unit“ објавила Индекс на сигурни градови, кој рангира 60 градови врз основа на целосната инфраструктура, дигиталниот живот, личната безбедност, здравство – со еден збор подготвеност за пандемијата.

На врвот на листата се Копенхаген, Торонто, Сингапур, Сиднеј и Токио.

1. Копенхаген

На врвот на индексот се наоѓа данскиот главен град поради еколошкиот развој кој мери одржливост, квалитет на воздухот, управување со отпадот и покриеност со урбани шуми.

Последниот фактор апсолутно влијае на тоа како се носеа градот и неговите жители со ограничувањата во текот на пандемијата, кои во потполност се укинати од септември 2021. година.

2. Торонто

Најголемиот канадски град го зазема второто место во индексот на целокупна сигурнст, со добри резултати во инфраструктурата и сигурноста на околината. Жителите ја истакнуваат инклузивната култура која цени комуникација во заедницата, посебно кога е во прашање свеста за вакцинација и присвојување на нови социјални форми.

3. Сингапур

На второ место по дигитална безбедност, здравствена безбедност и сигурност на инфраструктурата, Сингапур ја искористил предноста за брзо движење во текот на раните денови од пандемијата, па набргу воведоа дигитален надзор и пратење на конакти.

Земјата исто така може да се пофали со една од највисоките светски стапки на вакцинација (моментално 80%), но сето тоа сѐ уште бара строго пратење на контактите со обзир на новите варијанти.

4. Сиднеј

Најголемиот австралиски град е меѓу првите 10 по здравствена безбедност. Австралија беше една од првите земји која целосно ги затвори своите граници во текот на пандемијата и ги задржа строгите мерки на изолација со пораст на бројот на случаи.

Стапката на смртност од ковид 19 во Австралија сѐ уште е една од најниските во светот.

5. Токио

Главниот град на Јапонија го зазема петтото место во целокупниот индекс и е на самиот врв на индексот на здравствена сигурност, кој мери факти како универзална здравствена заштита, подготвеност на пандемија, очекуван животен век, ментално здравје и смртност од ковид 19.

Иако бројот на заболени порасна во текот на олимписките игри, стапките драматично паднаа бидејќи бројот на вакцинирани достигна речиси 60% од населението. Јапонија најави постепено укинување на ограничувањата до крај на септември 2021.

Прегледи:
1017
Објавено на:
26.10.2021