Категории

5 најважни причини зошто да пиете чај од коприва

Модерното време не научи на една лоша навика, а тоа е да посегнуваме по хемиски и вештачки лекови кога се соочуваме со некоја телесна и здравствена потешкотија. Вистината е дека лекот може да го најдеме во природата, ако знаеме што може да ни помогне „лекот е пет пари“. 

Ако често страдате од настинки и воспаленија, време е да се свртите кон природните лекови и да пиете чај од коприва што ќе ви го зајакне имунитетот бидејќи е богат со бакар, витамин С, магнезиум, манган и цинк. Пред да посегнете по таблети, пробајте со чај од коприва.

Копривата содржи и значително количество на железо поради што е корисна во борбата против анемија. Оваа болест најчесто ги напаѓа децата, трудниците, адолесцентите и постарите лица, а недостигот на железо многу тешко се надоместува само преку исхрана.

Исто така, копривата ја намалува кашлицата и помага при астма, корисна е и многу помага при респираторни заболувања, особено при кашлица така што го намалува и исчистува секретот во белите дробови.

Чајот од коприва помага при проблеми со бубрезите, заради високата содржина на калиум има диуретско дејство и се користи при лекување на воспаленија на уринарните патишта, како и за превенција од настанување на бубрежни камчиња. Помага за побрзо исфрлање на урината од телото и се смета за природен прочистувач на организмот.

Го подобрува изгледот на кожата и го потикнува растот на косата, бидејќи помага во снабдување на организмот со кислорот и затоа се препорачува при проблеми со кожата на главата и пад на косата, а помага и при псоријази, егзема и акни.

Доколку сакате да намалите со телесната тежина имајте на ум дека го намалува апетитот и го забрзува слабеењето, бидејќи го чисти телото од токсини, а воедно чајот од коприва ја смирува мускулната болка и го намалува нивото на шеќер во крвта.

 

Прегледи:
7768
Објавено на:
06.05.2017