Категории

5 намирници што треба да ги вклучите во вашата исхрана ако имате седечки начин на живот

Се повеќе и повеќе има луѓе што ја работат работата која подразбира седечки начин на живот, телото страда од неправилно држење на ‘рбетот, недостаток на физичка активност, како и нездрава инстант исхрана, што е најчестото решение кога цел ден сте во канцеларија и немате време за нормална пауза за ручек.

За да му помогнете на вашето тело да ги задржи своите здрави и нормални функции, треба да ја прилагодите вашата исхрана според седечкиот начин на живот.

Бидејќи еволутивно сме предодредени да се движиме, седечкиот начин на живот има прилично исцрпувачки ефект врз нашето тело и здравјето на нашето тело. Тоа влијае на болки во грбот и напнатост, честа, прекумерна глад, а со тоа и зголемена дебелина и зголемен крвен притисок.

Постојат намирници што ќе имаат многу придобивки за вашето исцрпено тело што седи, а кои се во исто време здрави и можете да ги носите со себе, така што за време на ручекот ќе можете да јадете здрав оброк кој целосно ќе го зајакне вашето тело.

 

  1. Бобинки

За време на секојдневното седење, нашето тело станува се помалку и помалку отпорно на воспалителни процеси, па затоа е добра идеја да ја збогатите вашата исхрана со бобинки, богати со флавоноиди. Тие се идеална опција за појадок, пред работа, затоа што можете да ги ставите во смути, а тие се одлична состојка и во овесната каша.

 

  1. Ореви

Богати се со омега 3 масни киселини, така што тие се адекватен извор на здрави масти, а содржат и витамин Е, што е многу важен за здрава и негувана кожа.

 

  1. Маслиново масло

Маслиновото масло има силни антивоспалителни својства и ја потпомага подобрата функција на крвните садови.

 

  1. Риба

Рибата е богата со омега 3 масни киселини, кои се многу потребни за нашето тело, а не можеме сами да ги произведуваме, па затоа е важно да вклучиме риба барем двапати неделно во нашето мени.

 

  1. Авокадо

Авокадото е богато со заситени масни киселини, кои го штитат здравјето на мускулните клетки, што е многу важно ако водите седечки начин на живот затоа што вашите мускули се склони кон губење на тонусот, што никако не го сакате.

Прегледи:
418
Објавено на:
28.10.2019