Категории

5 навики кои ќе Ви ја подобрат самодовербата

Пред да го подобриме светот треба да се подобрите самите себе. За да го подобриме светот треба да веруваме дека можеме, а без здрава самодоверба сé изгледа тешко и недостижно. Прочитајте за 5 навики кои ќе Ви ја подобрат самодовербата и ќе Ви помогнат да се подобрите себе си, а со тоа и светот:

Практикувајте да сте смирени почесто.

Смиреноста Ви помага да ја најдете Вашата среќа и визија и Ви доволува што побрзо да видите некои препреки на патот. За да бидете смирени, одвојте 10 минути од денот каде ќе си ги пишувате Вашите чувства и цели. Дадете си 1ч. време од денот каде нема да бидете на соицјалните мрежи и ќе пробате само да си размислувате.

Бидете Благодарни.

Да се биде благодарен е многу убаво и силно чувство. Токму ова чувство нé штити од стравот, стресот и депресијата и ни го прави животот посветол. За да практикувате благдарност, секој ден пишувате по 5 разботи за кои сте благодарни. Можеби отпрва ќе Ви биде тешко, но потоа ќе се навикнете на волшебното чувство.

Одвојувајте време за самоподобрување.

Секојдневното подобрување нé прави да се чувствуваме вредни, силни и како да сме подобри од вчера (бидејќи сме). За да го постигнете ова не е потребно многу труд. Прочитајте 10 страни од некоја книга за самоподобрување. Ислушајте некој курс за некое Ваше хоби, или слушајте „Ted Talks“.

Бидете свесни за Вашите силни и слаби страни.

Лесно е да се фокусирате на Вашите слаби страни и да заборавите дека има работи во кои сте многу добри. Гледајте ги Вашите слабости како мапа за како да се подобрите и да бидете подобри во многу нови вештини. Слабите страни се вашите шанси за растење.

Направете нешто влијателно.

Ниската самодоверба обично произлегува од чувството дека Вие или Вашиот живот не е важен. Ако направите нешто што е добро за другите луѓе, тогаш ќе се чувствувате подобро од кога било. Направете нешто за да го подобрите животот барем на една личност или едно суштество и ќе се чувствувате вредни и полни со добро заслужена самодоверба.

Прегледи:
339
Објавено на:
27.09.2022