Категории

5 нешта кои мажите никогаш нема да ги променат

Некои нешта едноставно не можат да се корегираат и најдобро е да се помирите со нив

Многу жени откако ќе стапат во врска или брак со маж сметаат дека можат да влијаат кон одредени навики или особини и можат да ги променат, но фактот е дека некои нешта ќе останат во нивната личност без оглед на тоа колку вие се трудите.

1.Верност кон пријателите
Тие постоеа пред тебе, а кога, односно ако вие се разделите, тие и понатаму ќе бидат тука.

2.Лов
Тие по природа се ловци. Ја сакаат кариерата, а ги сакаат и другите жени. Се додека тоа го прават со погледнот, не им замерувајте. Кога одите заедно на улица тие повремено ќе гледаат во други жени, но тоа им спаѓа во нивниот генетски код, запишано е и нема да се поправи.

3.Стил
Можете да го облечите од глава до пети, но на крајот од денот, неговиот вкус е само негов.

4.Мрзеливост
Ги мрзи да одат во продавница, а за средување да не зборуваме, алиштата и понатаму ќе бидат расфрлани а листата е прилично долга. Овие нешта иритираат но не се занесувајте дека ќе ги поправите нивните мрзеливи навики.

5.Онаа маица која вас ви е одвратна а тој ја обожава
Таа е ужасна, можеби има необична боја и принтови со некои луди ликови на кои е фан, и да ќе ја носи иако вас не ви се допаѓа.

Прегледи:
660
Објавено на:
21.11.2019