Категории

5 нешта кои мажите обожаваат да ги видат на една жена

Кога е во прашање изгледот, на овие нешта мажите никако не можат да им одолеат

Иако црвениот кармин се подразбира како еден од главните фактори кои секогаш може да ве издвои и со кого можете да привлечете најмногу внимание, кога се работи за мажите истражувањата покажаа дека сепак им е попривлечен природниот изглед. А тоа не е се, еве кои нешта мажите ги сметаат за неодоливи кај една жена.

Црвен фустан
Бојата на страста е вистински магнет за заведување. Не морате ништо да правите, доволно е да облечете црвен фустан и тоа ќе делува како афродизијак на мажот. Освен тоа, црвената боја е боја на љубовта.

Волуменозна долга коса
Иако поради практичноста, голем број дами обожаваат да носат кратка коса и често се одлучуваат за фризури во кои таа е целосно собрана, мажите не можат да одолеат на долгата волуменозна коса која ги тера да фантазираат како ги провлекуваат своите прсти низ неа.

Нежна ‘nude’ шминка
Можеби техниката на ‘smokey eyes’ жените ја сметаат за попривлечна, но мажите откриваат дека всушност многу повеќе им се допаѓа кога жената носи нежна речиси незабележлива шминка.

Суптилен сексапил
Иако се смета за универзално мислење дека сексапилот се истакнува тогаш кога жената ќе покаже повеќе гола кожа, мажите сметаат дека на првиот состанок жената треба да покаже малку „притаен“ сексапил, на тој начин таа им дава ја буди љубопитноста и им станува попривлечна.

Класичен стил
Иако многумина сметаат дека носењето на модни парчиња од последните трендови е привлечно, мажите не се толку упатени во последните модни трендови и повеќе преферираат кога жената носи класични парчиња како фармерки и бела кошула или мал црн фустан. Минималистичкиот накит е најдобар избор ако го прашате посилниот пол и не сакаат кога жената носи нападен накит во многу бои.

 

Прегледи:
653
Објавено на:
18.04.2020