Понекогаш мажите умеат да бидат љубоморни за многу чудни нешта, дали сакате да знаете за кои?
Вашите другарки
Само посматрајте како неговиот израз на лицето се менува секој пат кога ќе му кажете дека вечерва ќе се забавувате со другарките Научниците веќе многу пати докажаа дека партнерите се љубоморни на пријателките на нивната девојка.
Колеги од работа
Посебно на мажите, (па дури и ако колегата е геј). Бескорисно е да тврдите дека вечерата со колегата била чисто пријателска и дека вие имате сопруг и деца. Најверојатно, вашиот партнер ќе биде љубоморен, неосноввано, но ќе биде очаен.
Обидете се да го запознаете со вашите колеги со кои поминувате време за ручек или вечера. Понекогаш мажите повеќе сакаат да му веруваат на познати отколку на странци.
Теретана
Секако, тука е и мускулестиот, згоден тренер кој се труди вашата фигура да ја направи совршена. А на вашиот партнер му преостанува да седи и да гледа телевизија на каучот, не се откажувајте од љубомората на вашиот партнер, подобро е да го натерате и тој да оди во истиот фитнес клуб, позабавно е кога вежбате заедно.
Друштвени мрежи
Со кој се допишувате доцна на полноќ? На љубоморниот маж тешко е да му се докаже дека разговарате со некој колега за важниот состанок утре, се надеваме само дека е далеку од тоа да ве шпиунира и да го проверува вашиот мобилен телефон.
Хоби
Да, мажите се љубоморни ако жените имаат хоби и прават нешто без нив. На пример, ако сте љубител на скијање а тој не видел скијачка стаза дваесет години. Нема да биди воодушевен ако одите на Алпите. Обидете се да му објасните дека тоа е ваше хоби и е нешто што уживате да го правите и нема потреба за љубомора.