За овие нешта, пак, се мисли дека носат среќа и позитивна енергија:
1. Свежо цвеќе
Доколку ставите цвеќе на некое видливо место во вашиот дом, среќата нема да ве заобиколи, но избегнувајте кактуси.
2. Обоена врата
Доколку влезната врата гледа кон јужната страна обојте ја во црвена или портокалова боја. Вратата која гледа кон север треба да биде сина или црна. Запад заслужува сива или бела боја, а онаа врата која гледа кон исток треба да има кафеава или зелена боја.
3. Распоред на мебелот
Кружно поставениот мебел помага во протокот на енергијата. Креветот кој е свртен дијагонално пред вратата во спалната соба ќе го исполни домот со позитивна енергија.
4. Потковица
Некои култури веруваат дека коњската потковица над вратата носи среќа. Потковицата свртена нагоре осигурува среќни моменти. Потковицата свртена надолу го усреќува секој кој поминува низ вратата.
5. Ловец на соништа
Ловец на соништасе поставува во спалната соба и се претпоставува дека ги штити станарите од кошмари.
1 2