Категории

5 познати производи кои се забранети во многу земји во светот

Некои додатоци во храната кои се дозволени во една земја можат да бидат забранети во друга.

Поентата е дека различни влади различно гледаат на националните здравствени проблеми. Одлучивме да објавиме список на производи кои се забранети во некои земји во светот.

Јаболко

Интересно е што многу јаболка не е дозволено да се продаваат во САД. Причина е тоа што јаболката се третираат со дифениламин, за да може да се чуваат со месеци без да расипат. Во САД се смета дека дифениламинот е опасна супстанција која може да предизвика рак. Затоа во САД постои забрана за продажба на јаболка третирани со оваа супстанца.

Овошно желе

Овој производ, кој многу деца го сакаат е забранет во Европа, Австралија и САД. Се верува дека овошното желе може да содржи супстанца наречена “коњак”, која во контакт со влага набабрува. Како резултат на тоа, ако производот набабри во грлото на детето, може да се случи најлошото. Затоа, ваквите желеа се забранети.

Инстант пире од компири

За да се произведе инстант пире, во неговиот состав додаден е Бутилхидроксианизол (BHA, E320). Оваа состојка се смета дека е канцерогена и опасна по здравјето во некои земји. Затоа, нема да најдете инстант пире од компири во Јапонија (и некои земји од ЕУ).

Маргарин

Сигурно знаете дека за приготвување на скоро сите колачи и десерти се користи маргарин кој содржи транс масти кои можат да предизвикаат кардиоваскуларни заболувања, дебелина и низа други болести. Храната што содржи транс масти е забранета во Данска и Канада. Во многу други земји, јасно е регулирано колкав процент на транс масти може да има во секој производ.

Сос од соја

Статистиката вели дека повеќе од 70% од сојата која се одгледува во светот е генетски модифицирана (на самата етикета има натпис ГМО). Иако научниците сè уште не знаат како точно ГМО производите влијаат врз луѓето, увозот на модифицирана соја е забранет во многу земји, вклучувајќи земји од ЕУ и многу земји од Блискиот исток.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
583
Објавено на:
08.10.2019