Категории

5 прашања кои не треба да му ги поставувате

Постојат одредени прашања кои ние жените често им ги поставуваат на своите партнери, а не би требало…

1. Дали да ја скратам косата?

Ако сакате да ја промените фризурата, променете ја. Јасно е дека сакате да го знаете неговото мислење бидејќи сакате да му бидете убава.

Но рака на срце мажите скоро никогаш не ни забележуваат таква промена (секако освен ако не е драстична). Затоа подобро тоа прашање поставете и го на вашата пријателка.

2. Кој фустан подобро ми стои?

Истото важи како за првото прашање. Облечете го тој фустан во кој подобро се чувствувате и во кој сама на себе поубаво си изгледате.

3. Било кое прашање поврзано со килограмите

На вашиот партнер сте му убава онаква каква што сте. Ако сакате да ослабете или да качите некој килограм направете го тоа за себе и за своето здравје.

4. Дали твојата поранешна го прави тоа подобро од мене?

Со ова прашање покажувате несигурност, а и дали навистина е важно? Оставете го минатото да седи таму каде што му е место. Вие сте сега со него и само тоа е важно.

5. Дали ти е Софија Вергара згодна?

На повеќето мажи оваа актерка им е згодна па затоа можеби неговиот одговор нема да ви се допадне.

Но тоа што тој смета дека таа е згодна не значи дека вие не сте му убава.

Прегледи:
328
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
23.09.2016