Категории

5 правила за вашите зимски гуми кои мора да ги знаете

Преостанува уште некој ден до почетокот на зимската сезона кога се станува збор за обврските на секој возач кон своето возило.

Од 15 ноември присуството на зимска опрема во секое возило е задолжително. Погледнете како да ја дочекате зимската сезона подготвени со вистинскиот избор на пневматици и да ги решите сите грижи околу безбедноста при управување со возилото.

Кои се правилата за зимска опрема според типот на возилото – Со почеток од 15 ноември потребно е да се користи зимска опрема за патнички и лесни теретни возила, кои на сите четири тркала мора да имаат зимски гуми со минимална длабочина од четири милиметри, како и снежни ланци, додека автобусите и патничките возила дополнително мора да имаат и лопата како дел од зимската опрема.

Зошто треба да ги користите дури и ако нема снег? – Кога нема снег и мраз, зимската опрема не е потребна, но за безбедност во сообраќајот ве советуваме да користите зимски гуми, бидејќи тие се помеки и подобро се прилепуваат на површината, така што тие имаат многу пократко растојание при сопирање.

Кога треба да имате синџири? – Сите возачи надвор од  населените места мора да имаат синџири, а доколку нема снег и мраз, тогаш како дел од дополнителната опрема.

Зошто летните гуми не се вклопуваат дури и кога ја имаат потребната длабочина? – Летните гуми може да имаат шара со длабочина од четири милиметри, но немаат исти својства како зимски гуми или ламели кои имаат способност да соберат толку многу количество на снег, а притоа времето на сопирање е значително пократко.

Michelin Alpin 5 е петтата генерација на познатата серија на зимски гуми на Michelin. Овој модел е наследник на Michelin Alpin A4. Целта на оваа најнова верзија на “алпската” гума е да им понуди на возачите оптимална сигурност во сите услови во зима на европски патишта. Гумата е во развој 4 години и има остра, насочна шара со длабоки жлебови и иновативни блокови, елементи кои обезбедуваат одлични перформанси на снег, мраз и влажни површини. Тие брзо и ефикасно растуруваат снег, вода и киселост, со што се гарантира оптимален зафат, кој ефикасно штити .Густиот аранжман на ножеви на површината на Michelin Alpin 5 создава т.н. “ефект на ноктот”, кој на гумата и дава оптималностна тракција и точна управливост. Гуменото соединение кое се користи за да се направи гумата очигледно игра важна улога. Овој модел е направен од гумени соединенија кои содржат сончогледово масло и силика (Helio Compound 4G). Употребата на овој материјал значи дека гумата ја задржува својата флексибилност дури и при многу ниски температури и ова е уште еден елемент кој го подобрува зафатот при возење. #michelin #tires #olimpiko #skopje #cars #road

A post shared by OLIMPIKO (@olimpiko.mk) on

Зошто Олимпико е вистинскиот избор за зимски гуми? – Изборот на гуми мора да биде во согласност со законските одредби и мора да се монтираат како што е пропишано. При купувањето на зимски гуми, се внимава на потеклото, а во Олимпико ќе ги најдете најпознатите брендови за пневматици кои опстојуваат долги години и се распространети насекаде во светот како што се Michelin, BFGoodrich, Bridgestone, Dayton, Kleber и Tigar.

Освен тоа, во најдобриот центар за гуми кај нас – Олимпико добивата комплетна грижа за вашата безбедност при возењето. Монтажа, чување и одржување во најдобри услови, контрола на потрошеност на гумите, како и потребна поправка.

Покрај најдобрите и најквалитетни пневматици, во Олимпико ќе ги најдете сите помошни средства и производи кои ќе го одржат вашето возило во одлична состојба во текот на зимата и ниските температури.

Прегледи:
951
Објавено на:
08.11.2017