Категории

5 причини зошто е добро да се пие ракија во умерени количини

Пиењето ракија не е само доказ за машкоста или статусен симбол, туку пиењето ракија може да донесе и неколку здравствени придобивки – секако, доколку не претерувате со количините.

Го продолжува животниот век

Преголемите количини на ракија, или било кој друг алкохол, дефинитивно ќе го скрати вашиот животен век, но умерената количина може да ви го продолжи. И тоа поради тоа што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главната причина за старост.

Ослободува од стресот

Доколку ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта. Исто така, го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар

Ракијата го спречува создавањето на наслаги на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем, и ви помага да се намали количината на холестерол. А сето тоа ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

Помага во превенцијата од настинка

Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи како одличен сируп против кашлица. Исто така, алкохолот помага да се убијат сите бактерии во грлото. Најдобар ефект се постигнува ако ја измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее

За разлика од газираните, па дури и некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со мал број на калории. Со пиењето ракија го намалувате холестеролот во крвта и не ја зголемувате тежината.

Прегледи:
868
Објавено на:
09.07.2018