Зимата пристигна, времето е сѐ постудено, а кога е студено навистина е тешко да останете мотивирани за вежбање.
Наместо тоа, честопати преферираме да ги поминуваме ноќите завиткани под ќебе во креветот, да јадеме повеќе и да имаме што помалку физичка активност. Ова опуштање преку зимата, за краток период носи лоши резултати кога станува збор за здравјето, физичката кондиција и изгледот нна телото. Но, кога би имале одлични услови и преку зима, дали би продолжиле да вежбате со исто темпо и да останете мотивирани?
Потрудете се зимата да биде период во кој ќе го подготвите вашето тело за топлите пролетни и летни денови, а не период на изолација и качување килограми.
Ова се петте причини зошто е важно да вежбате и во зима:
Потрудете се телото секогаш да ви биде загреано
Зголемувањето на телесната температура на вашето тело, за време на вежбањето има смирувачки ефект врз вашето тело, за разлика од долгото капење топла бања или лежењето покрај парното.
Останете здрави
Истражувањата покажуваат дека редовното вежбање го зајакнува вашиот имунолошки систем, така што преку одржување на физичката кондиција организмот полесно се бори против бактериските и вирусните инфекции. Ова особено важи во зима кога настинките и грипот се насекаде околу нас.
Кога вежбате крвта пумпа во вашето тело, имунолошките клетки побргу кружат низ вашето тело, помагајќи им да ги пронајдат и да ги уништат инфекциите. Но, овој ефект трае само неколку часа, така што вежбањето треба да биде редовно за долгорочни ефекти.
View this post on Instagram
Победете ја зимската депресија
Без разлика дали сте само нерасположени што е вообичаено за зимата или патите од сезонско афективно растројство, зимата е период од годината кога е нормално да се чувствувате потажно. Секојдневното вежбање ослободува хемикалии од мозок кои ви помагаат да се чувствувате добро, предизвикува пауза од секојдневието и помага при олеснување на депресијата.
Знаеме дека со вежбањето, мозокот ги ослободува хемикалиите „кои ви прават да се чувствувате добро“, серотонин и допамин, што може да помогне при намалување на анксиозноста и депресијата. 45 минути во текот на денот можат да го сменат целиот поглед кон зимата кој досега сте го стекнале.
Земете длабок воздух, вдишувајте и издишувајте правилно
Не ги пропуштајте тренинзите, вежбајте активно, редовно, внимавајте на своето дишење при вежбањето. Покрај тоа, не избегнувајте и да ги искористите зимските денови кога воздухот е чист да земете длабок здив и вистински да уживате во зимата.
View this post on Instagram
Избегнете го стандардното качување на тежина во текот на зимата
Во постудените месеци е толку лесно да најдеме утеха во храната, бидејќи тоа не задоволува, но помкратко време предизвикува грижа на совест. Просечен човек качува до 4 кг во текот на зимата! Единствениот начин да се справите со овој проблем во текот на зимата е редовното вежбање.
Не дозволувајте да ве обземе „зимската хибернација“ останете активни и во зима, одржете ја својата физичка форма и најважно од сѐ, грижете се за своето здравје. КБК Работнички Адора ви нуди најдобро решение за одржување на физичката кондиција во текот на зимата. Кикбокс, функционален фитнес и burn it up се спортските дисциплини во кои може да се пронајдете и да уживате во динамичните тренинзи, како преку целата година, така и преку зимата. Доколку сѐ уште размислувате за вашите одлуки во новата година, вежбањето во КБК Работнички Адора ставете го на врвот од вашата листа на приоритети.