Категории

5 причини зошто треба да престојувате во Астера Апарт Хотел Скопје

Доколку планирате посета на Скопје, или пак имате пријатели на кои им е потребен удобен престој за време на своето бизнис патување или пак разгледување на градот, место кое истовремено нуди релаксација, пријатна атмосфера и модерен изглед, а се наоѓа веднаш до центарот на градот, тогаш Астера Апарт Хотел е вистинскиот избор за вашите потреби. Ова се 5 причини зошто треба да го посетите овој хотел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Astera Apart Hotel Skopje (@astera_apart_hotel) on


1. Локација

Се наоѓа веднаш до железничката станица во Скопје, близу до центарот на градот. Веднаш до него е и автобуската станица. Оддалеченоста од плоштадот на градот изнесува 10 минути, а 15 минути пешачење од Старата Скопска Чаршија. Аеродромот се наоѓа на оддалеченост од 20 км.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Astera Apart Hotel Skopje (@astera_apart_hotel) on


2. Удобен престој

Секоја од собите нуди стил, софистициран изглед и модерен ентериер прилагоден на вашите потреби и можности. Собите во Астера Апарт Хотел се создадени за да ви обезбедат удобен престој, во релаксирана и опуштена атмосфера. Кујна, бесплатно Wi-Fi, подно греење, клима уред, телевизор, приватна бања, како и бесплатен паркинг пред зградата, како и приватен паркинг се само дел од поволностите кои ги добивате со вашиот престој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Astera Apart Hotel Skopje (@astera_apart_hotel) on


3. Вкусни специјалитети за вашиот престој и кетеринг за настани и конференции

Доколку одлучите денот да го поминете во разгледување на градот, или пак завршувајќи ги обврските, Астера Апарт Хотел ќе се погрижи да ја добиете потребната енергија. Во бистрото на Астера Апарт Хотел може да го одржите вашиот настан или конференција, а тие ќе се погрижат да добиете беспрекорен кетеринг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Astera Apart Hotel Skopje (@astera_apart_hotel) on


4. Традиционална македонска храна

При престојот во Скопје, постојат повеќе угостителски објекти кои се наоѓаат во близина на Астера Апарт Хотел во кои може да ја почувствувате магијата на традиционалната македонска храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Astera Apart Hotel Skopje (@astera_apart_hotel) on


5. Посета на Старата Скопска Чаршија

Старата Скопска Чаршија која се наоѓа на оддалеченост од 15 минути пешачење од Астера Апарт Хотел претставува трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. 

Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија датираат од XII век. Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови како и други турски споменици.